• среда, 03 јули 2024

Најмалку шест лица ранети во пукотница во Тел Авив

Најмалку шест лица ранети во пукотница во Тел Авив
Тел Авив, 7 април 2022 (МИА) -  Најмалку шест лица се повредени денеска во пукотница во Тел Авив, која полицијата ја припишува на терорист, јавија израелските медиуми. Телевизиските снимки покажаа голем број полицајци и лица од итна помош во центарот на градот. „Терорист отвори оган одблизу и побегна. Неколку лица се повредени“, изјави портпаролот на полицијата Ели Леви за телевизијата Канал 13. Израелските медиуми јавија дека најмалку шест лица се повредени, од кои тројца се во тешка состојба. зш/

Остани поврзан