• сабота, 23 ноември 2024

Најмалку четворица загинати во поплавите во Мумбај

Најмалку четворица загинати во поплавите во Мумбај

Мумбај, 26 септември 2024 (МИА) - Најмалку четири лица загинаа во поплавите во индискиот град Мумбај откако синоќа некои делови од градот беа погодени од рекордни врнежи од дожд. На сила е и црвен метеоролошки аларм.

Во некои делови на Мумбај е забележана рекордна количина на врнежи од околу 275 милиметри на метар квадратен, што предизвика прекин во патниот и железничкиот сообраќај.

Училиштата и факултетите денеска се затворени во градот, се очекуваат дополнителни врнежи од дожд, а властите ги повикаа жителите на Мумбај да не излегуваат.

Сезоната на монсуни генерално започнува во јуни и трае до 17 септември, но оваа година дождовите продолжија и по тој датум. паг/

Фото: МИА архива



 

Остани поврзан