Најмалку тројца загинати при гранатирањето во Миколаев
- Најмалку три лица загинаа, а 22 се повредени кога ракета ја погоди зградата на регионалната администрација во Миколаев
Киев, 29 март 2022 (МИА) - Најмалку три лица загинаа, а 22 се повредени кога ракета ја погоди зградата на регионалната администрација во Миколаев.
Спасувачите од под урнатините извлекле 18 повредени лица, а продолжува потрагата по жртвите.
Во нападот уништена е половина зграда.
Миколаев е пристаништен град во јужна Украина, што со недели е цел на руските напади. ми/