• недела, 22 декември 2024

Најмалку седум лица загинаа во самоубиствен напад во Сомалија

Најмалку седум лица загинаа во самоубиствен напад во Сомалија

Могадишу, 29 септември 2023 (МИА) – Најмалку седум луѓе загинаа откако бомбаш самоубиец се разнесе во продавница за чај во главниот град на Сомалија, Могадишу.

Портпаролот на сомалиската полиција, Садик Али, изјави дека во експлозијата загинале пет лица, а шест се повредени. Според него напаѓачот бил член на Ал Каеда.

Групата Ал Шабаб поврзана со Ал Каеда ја презеде одговорноста за нападот во порака објавена преку нејзината арапска филијала на новинската агенција Шахада. Според Ал Шабаб загинале 11 луѓе, а повредени се 18 ранети.

Нападот се случи на контролен пункт на патот што води кон Парламентот и претседателската резиденција, додека продавницата ја посетуваат војници.

Во јуни, Ал Шабаб, која се обидува да ја собори централната Влада и да наметне сопствено толкување на исламскиот закон, уби 54 војници од Уганда во нивната база југозападно од Могадишу. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан