• среда, 23 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Најмалку пет англиски екипи следната сезона ќе играат во Лигата на шампионите

Најмалку пет англиски екипи следната сезона ќе играат во Лигата на шампионите

Лондон, 9 април 2025 (МИА) - Англија обезбеди дополнително место во фудбалската Лига на шампионите за сезоната 2025/26.

Според досегашниот формат на турнирот, двете лиги со највисок пласман на крајот од сезоната добиваат едно дополнително место во следната конкуренција. 

Победата на Арсенал од 3:0 над Реал Мадрид во првиот натпревар од финалето го обезбеди пласманот на Англија на едно од првите две места.

Истовремено, може да се зголеми бројот на англиските тимови во Лигата на шампионите - доколку Тотенхем или Манчестер јунајтед ја освојат Лигата на Европа, автоматски ќе добијат и билет за Лигата на шампионите. 

Исто така, дополнително место може да се добие доколку Арсенал или Астон Вила станат победници во Лигата на шампионите, но не влезат во топ 5 во Премиер лигата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан