Најмалку петмина повредени при украинското гранатирање на Белгород
- Пет лица се повредени утрово во украинското гранатирање на Белгород, соопшти гувернерот на регионот Вјачеслав Гладков
Москва, 21 март 2024 (МИА) – Пет лица се повредени утрово во украинското гранатирање на Белгород, соопшти гувернерот на регионот Вјачеслав Гладков.
Тој додаде дека во нападот оштетени повеќе од 30 станови во шест висококатници и 10 автомобили, а околу 5.000 жители останале без напојување со електрична енергија.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека десет украински ракети РМ-70 Вампир се соборени над регионот Белгород. Непосредно пред тоа била прогласена ракетна закана во Белгород и Белгородската област. ми/
фото: ЕПА