• петок, 05 декември 2025

Најмалку едно лице загина откако воен авион се урна врз училиште во Бангладеш

Најмалку едно лице загина откако воен авион се урна врз училиште во Бангладеш

Дака, 21 јули 2025 (МИА) – Најмалку едно лице загина, а повеќе се повредени откако авион за тренинг на Военото воздухопловство на Бангладеш се урна врз училишен комплекс во главниот град Дака, соопштија воени претставници и противпожарни служби.

Во моментот на несреќата, во близина на погоденото училиште имало деца, а локалните телевизии јавија дека делови од кампусот се во пламен.

Противпожарни екипи и припадници на војската се испратени на местото на инцидентот, а армијата во кратко соопштение потврди дека авионот F-7 BGI што се урнал припаѓал на военото воздухопловство.

Противпожарната служба потврди дека најмалку едно лице загинало, а дваесетина се повредени, вклучително и ученици. јт/

Фото: Х скриншот

Остани поврзан