• петок, 22 ноември 2024

Најдобриот голман на светот има договор со Атлетико, изјави Сересо

Најдобриот голман на светот има договор со Атлетико, изјави Сересо
Мадрид, 28 јули 2020 (МИА) - Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Сересо, е категоричен дека „црвено-белите“ го има најдобриот голман на светот - Јан Облак. Тој е исто така убеден дека словенечкиотголман ќе остане на „Ванда Метрополитано“. - Отсекогаш сум велел дека Облак има договор со Атлетико и е најдобриот голман на светот. Не е изненадувачки што има понуди од други големи екипи. Облак е одличен и на неговата позиција нема подобар. За мене, зборувам како аматер, тој е најдобриот голман на светот. Да, Куртоа е исто така еден од големите голмани и, за среќа, двајцата играа за нас, и со двајцата имавме успех, рече Сересо во интервју за „Марка“. Според британските медиуми, најсериозен интерес за Облак има од Челси. Сересо изрази уверување и дека Жоао Феликс ќе стане водечка фигура кај „јорганџиите“. - Не беше лесно за него затоа што беше прва сезона. Ние сме задоволни од неговиот настап. Следната сезона работите ќе се претворат од ветување во факт. Се надевам дека во преостанатите натпревари од Лигата на шампионите тој навистина ќе покаже колку е добар. Мислам дека тој е многу среќен и возбуден што натпреварите ќе се играат во Лисабон. Тој има 20 години и има светла иднина. Ние сме многу горди што тој потпиша со нас, рече Сересо,кој даде 120 милиони евра за португалската надеж.

Тагови

Остани поврзан