• четврток, 18 јули 2024

Најголемиот дилер на дрога во Колумбија екстрадиран во САД

Најголемиот дилер на дрога во Колумбија екстрадиран во САД
Богота, 5 мај 2022 (МИА) - Најголемиот дилер на дрога во Колумбија, Даиро Антонио Усуга „Отониел“ е екстрадиран во САД, соопшти во раните утрински часови колумбискиот претседател Иван Дуке Маркез. Претседателот ја сподели веста за „најопасниот дилер, убиец, злоставувач на момчиња, девојчиња и на адолесценти“ на својот Твитер профил. Најбараниот колумбиски дилер на дрога беше уапсен на 23 октомври мината година. Педесетгодишниот Отониел, главен на „Голф кланот“ (Clan del Golfo), беше уапсен по десетгодишна потрага. бд/ми/

Остани поврзан