• петок, 22 ноември 2024

Највисок скок на инфлацијата во САД во изминатите 12 години

Највисок скок на инфлацијата во САД во изминатите 12 години
Вашингтон, 12 мај 2021 (МИА) -  Во април 2021 година, потрошувачките цени на САД забележаа најголем пораст во изминатите 12 години како резултат на експлозивното зголемување на побарувачката во услови на ограничена понуда. Тоа, според американски медиумми што може дополнително да ги разгори стравувањата на финансискиот пазар од подолг период на повисока инфлација. Министерството за труд на САД денеска објави дека инфлацијата скокнала за 0,8 проценти на месечно ниво во април, откако порасна за 0,6 проценти во март. Тоа е најголемо месечно зголемување од јуни 2009 година. Цените на храната во САД се зголемија за 0,4 проценти во април, додека цените на бензинот паднаа за 1,4 отсто по зголемувањето за 9,1 отсто во март. Сепак, цената на бензинот најверојатно повторно ќе порасне во мај, бидејќи пумпите низ целата земја веќе остануваат без гориво откако делумно беше затворен „Колонијал гасовод“ по хакерски напад врз компанијата минатиот петок. На годишно ниво, инфлацијата се зголеми за 4,2 проценти во април, што е најмногу од септември 2008 година. зш/

Остани поврзан