• понеделник, 25 ноември 2024

Најверојатно Макрон набрзо ќе ја посети Русија

Најверојатно Макрон набрзо ќе ја посети Русија
Париз, 2 февруари 2022 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека би можел да ја посети Русија за да разговара за кризата околу Украина, додавајќи дека неговите планови ќе зависат од напредокот постигнат во претстојните телефонски разговори со светските лидери. Макрон наведе дека „во следните часови“ ќе разговара со американскиот претседател Џо Бајден за кризата поради руското распоредување на околу 100.000 војници во близина на границата со Украина. Тој додаде дека ќе ги задржи контактите и со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот колега Володимир Зеленски. - Ништо не исклучувам, изјави Макрон, алудирајќи на можноста да отпатува во Русија за да се бара дипломатско решение за кризата. Тој додаде дека „најважно е прво да продолжи европската координација и да се продолжи со разговорите со претседателот Путин и со претседателот Зеленски“. - Во зависност од напредокот на нашите дискусии направени во наредните часови, не исклучувам никаква иницијатива или посета, наведе Макрон. ми/

Остани поврзан