• недела, 22 декември 2024

Најбрзи голови во историјата на ЕП, рекордот во сопственост на Кириченко

Најбрзи голови во историјата на ЕП, рекордот во сопственост на Кириченко


Берлин, 12 јуни 2024 (МИА) – Рускиот напаѓач Димитри Кириченко е сопственик на најбрзиот гол во историјата на европските првенства, запишувајќи се во листата на стрелци по 67 секунди од натпреварот против Грција на Европското првенство во Португалија 2004 година.
Русија го доби натпреварот со 2-1, но тоа не беше доволно за да ја помине групната фаза, додека Грција и покрај поразот продолжи понатаму, а потоа сензационално ја освои европската титула.
Кириченко играше за руската екипа од 2003 до 2006 година, постигнувајќи четири голови на 12 натпревари.
Вториот најбрз гол во историјата на ЕП е дело на Швеѓанецот Емил Форсберг, кој постигна гол по една минута и 22 секунди игра на последното ЕУРО на натпреварот против Полска. Форсберг
На истото првенство беа постигнати третиот и четвртиот најбрз гол. Третиот гол го постигна Данецот Јусуф Поулсен, кој ја затресе мрежата против Белгија по минута и 39 секунди игра.
Полјакот Роберт Левандовски е четврти на вечната листа со голот во четвртфиналето на ЕУРО 2016 против Португалија по минута и 40 секунди игра.
Во финалето на последното ЕП беше постигнат петтиот најбрз гол. Лук Шо ѝ донесе водство на Англија по минута и 56 секунди игра. Тоа беше и најбрзиот гол во историјата на финалето на ЕП. Претходниот рекорд го држеше Хесус Марија Переда, која постигна гол за Шпанија против СССР во 1964 година по пет минути и 17 секунди.
Најбрзи голови на ЕП:
1:07 мин – Дмитри Кириченко (Русија – Грција 2-1, ЕП 2004)
1:22 мин – Емил Форсберг (Шведска – Полска 3-2, ЕП 2020)
1:39 мин – Јусуф Поулсен (Данска – Белгија 1-2, ЕП 2020)
1:40 мин – Роберт Левандовски (Полска – Португалија 3-5 11 м, 1-1, ЕП 2016)
1:56 мин – Лук Шо (Англија – Италија 1-1, ЕП 2020)
2:00 мин – Роби Брејди (Ирска Франција 1-2, ЕП 2016)
2:07 мин Сергеј Алењиков (СССР Англија 3-1, ЕП 1988)
2:14 мин Петр Јирачек (Чешка 2-1, ЕП 2012)
2:14 мин Алан Ширер (Англија Германија 5-6 11 м (1-1), ЕП 1996)
2:25 мин Мајкл Овен (Англија – Португалија 5-6 11 м (2-2), ЕП 2004). ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан