• вторник, 24 декември 2024

Уметнички инсталации на Мирчевска и Алексовски, дел од проектот „Секогаш минато“

Уметнички инсталации на Мирчевска и Алексовски, дел од проектот „Секогаш минато“

Скопје, 13 октомври (МИА) – Книжарницата „Буква“ под менторство на уметникот Ѓорѓе Јовановиќ денеска ќе го промовира проектот „Сегашно минато“/Present Past.

Со уметнички инсталации ќе се претстават македонските уметници Ивана Мирчевска и Дарко Алексовски. На еднодневниот настан предвидена е и музичка изведба и учество на двајца млади актери.

Настанот е дел од регионален проект на Гете-институтите од Југоисточна Европа. Се состои од три „модули“, а проектот „Сегашно минато“ како еден од модулите е координиран од Гете-институтот во Хрватска, во соработка со Гете-институтите од Белград, Сараево и Скопје.

Преку различни уметнички формати „Сегашно минато“ ги разгледува културните и политичките односи во дел од поранешните југословенски држави: Босна и Херцеговина, Хрватска, Северна Македонија и Србија. Замислен е како низа уметнички реакции на тема сегашност/минато, кои се инспирираат и надополнуваат, создавајќи верижна реакција.

Во секоја земја работилниците се организираат под менторство на докажани автори. Во Босна и Херцеговина се реализира работилница за фотографија со фотографот Зијах Гафиќ, во Хрватска работилница за раскази со писателот Зоран Жмириќ и во Србија работилница за стрип со Саша Ракезиќ – Зограф.

Проектот се занимава со транзицијата на просторот на поранешна Југославија и нејзиниот одраз во културата, како и со широкиот и често стереотипизиран концепт на Балканот. 

Идејата е финалните дела создадени на работилниците да ги инспирираат учесниците за идни заеднички проекти.свс/са/

Фото:Иван Тасев

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан