• вторник, 24 декември 2024

Најавено продолжение на „Кралот лав“

Најавено продолжение на „Кралот лав“
Лос Анџелес, 30 септември 2020 (МИА) - Koмпанијата „Дизни“ објави дека ќе се снима продолжение на „Кралот лав“. Филмот ќе биде во 3-Д, а режијата му е доверена на Бери Џенкинс - оскаровецот за филмот „Месечина“ (Moonlight). „Кралот лав“ (2019), и покрај „млаките“ критики, досега заработи околу 1,6 милијарди долари. Во филмот, гласовите ги позајмија многу познати ѕвезди, меѓу кои и пејачката Бијонсе. „Дизни“ не соопшти повеќе подробности за вториот дел, којшто сѐ уште е во претпродукција. си/

Остани поврзан