• понеделник, 23 декември 2024

Најавено објавување запечатени документи од судењето на Роман Полански

Најавено објавување запечатени документи од судењето на Роман Полански

Лос Анџелес, 13 јули 2022 (МИА) - Обвинителството во Лос Анџелес вчера објави дека повеќе нема да се противи на објавувањето на запечатените документи во случајот „Роман Полански“, коишто може да откријат несоодветно однесување на американското судство.

Џорџ Гаскоњ, окружниот обвинител на Лос Анџелес, рече дека неговата канцеларија „утврдила дека е во интерес на правдата да се согласи да ги отпечати овие записници“. Француско-полскиот режисер Роман Полански, инаку, беше уапсен 1977 година, откако 13-годишната Саманта Гејли го обвини за дрогирање и силување. „Судовите го опишаа овој случај како една од најдолгите саги во историјата на калифорниската казнено правосудство. Оваа канцеларија со години се бори против објавувањето информации кои жртвата и јавноста имаат право да ги знаат“, се вели во соопштението на Гаскоњ. Иако сѐ уште не е познато што точно содржат транскриптите, тие вклучуваат сведочење на поранешниот заменик окружен обвинител Роџер Гансон - првиот кој го водеше случајот на Полански. За да го поштедат девојчето од судење, обвинителите идејствуваа спогодба за признавање вина, па Полански се изјасни виновен за недозволени сексуални односи со малолетничка. Тој одлежа 42 дена затвор и беше подложен на психијатриска проценка. Кога се чинеше дека судијата Лоренс Ритенбанд ќе го преиспита случајот и ќе изрече подолга затворска казна, Полански пребегна во Франција, каде што живее и денес. Режисерот на „Бебето на Розмари“ и „Кинески град“ оттогаш не се вратил во САД. Гаскоњ ги опиша околностите под кои обвинителите првично го третирало Полански, како „вонредни“ и додаде дека неговата канцеларија е посветена на „транспарентност и одговорност за сите во правосудниот систем“. Во 1997 година, Гејли јавно му прости на Полански и рече дека односот кон неа од страна на новинарите и правосудниот систем е полош од првичното злосторство. И таа самата претходно побара да се објават транскриптите. „Полански останува бегалец од правдата и треба да се предаде на Врховниот суд на Округот Лос Анџелес за изрекување пресуда“, додава Гаскоњ во соопштението. Роман Полански (88) последниве години беше обвинет и од неколку други жени за сексуални злосторства во минатото. Режисерот ги порекна сите овие обвинувања, меѓу другото, и поради застареност.

Остани поврзан