• понеделник, 23 декември 2024

Најавена соработка меѓу Тојота и ПСА групацијата

Најавена соработка меѓу Тојота и ПСА групацијата
Токио, 29 септември 2020 (МИА) - Јапонската автомобилска компанија „Тојота“ и ПСА групацијата најавија соработка со цел францускиот конгломерат да ги исполни барањата на регулаторите на Европската Унија. Како дел од нивното партнерство, „ПСА Пежо Ситроен“ планира да го зголеми производствениот капацитет на „Toјoтa“, за да добие регулаторна дозвола за спојување со „Фиат Крајслер“. Купувачите вон ЕУ имаат право на поврат на ДДВ за користени автомобили од Германија Со овој договор, Тојота ќе добие дел од погонот за производство на помали комерцијални возила, а друг извор наведува и дека ПСА ќе продава комбиња и помали комерцијални возила, по цени блиски до маржата. Европската комисија изрази загриженост дека договорот може да ѝ наштети на конкуренцијата со комбиња во 14 земји на ЕУ и Велика Британија. си/ссм/

Остани поврзан