• недела, 22 декември 2024

Во Охрид средба за „Jакнење на правата на потрошувачите во финансиските услуги“

Во Охрид средба за „Jакнење на правата на потрошувачите во финансиските услуги“

Охрид, 7 ноември 2024 (МИА) - Организацијата на потрошувачите на Македонија денеска во Факултетот за туризам и угостителство Охрид, организира промотивна средба на која ќе бидат претставени активностите на ОПМ овозможени преку проектот „Јакнење на правата на потрошувачите во финансиските услуги (Enforce Consumer Rights in Financial Services)“, финансиран од страна на Европската унија, преку Европската Организација за заштита на потрошувачите - BEUC.

-Нашите активности во рамките на проектот се со цел да ја подобриме положбата на потрошувачите и да обезбедиме нивна подобра заштитата, особено во доменот на финансиските услуги, во случаите кога голем број потрошувачи се оштетени од еден ист давател на услугата, со што всушност ќе придонесеме за подобра колективна заштита на правата на потрошувачите, велат од Организацијата на потрошувачите на Македонија.

Оттаму посочуваат дека колективната заштита на правата на потрошувачите е уредена со Законот за заштита на потрошувачите, а се очекува и усвојување на Предлог Законот за парничната постапка со која како новина се предвидува поднесувањето на тужба за заштита на колективни интереси и права, против физичко или правно лице кое со вршење на одредена дејност или воопшти со постапување или пропуштање потешко ги повредува или сериозно ги загрозува таквите колективни интереси и права.

Учесниците на средбата, како што соопштуваат од ОПМ, ќе разговараат за законската и институционалната рамка за колективна заштита на потрошувачите, возможноста за судска заштита и алатките кои ни стојат на располагање при заштита на нашите колективни интереси, при што посебно ќе се задржат на дигитална алатка „Пријави проблем за финансиски услуги“. дма/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан