• вторник, 24 декември 2024

Изложба „Сосема обично“ на Владимир Илиевски

Изложба „Сосема обично“ на Владимир Илиевски

Скопје, 18 јуни 2024 (МИА) - Во Галеријата  „Метаноја“ во Скопје во соработка со „Балканскиот институт за вера и култура“ денеска ќе биде отворена изложбата „Сосема обично“ на Владимир Илиевски. 

-Светлината е најобична природна појава. Таа е толкав дел од нашето искуство така што забораваме дека не само што можеме самата неа да ја видиме, туку и заради неа гледаме сѐ друго. Како што псалмистот вели, „Во Твојата светлина гледаме светлина“ (Псалм 36:9). Владимир Илиевски во сликата „Создавање на светлоста“ ги има вткаено своите теоретски знаења, сликарски вештини, креативност, контемплативност и интертекстуалност во совршен спој, вели за изложбата рецензентот д-р Коста Милков.

Владимир Илиевски е роден во 1989 г. во Скопје. Во 2012 г. дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на Катедрата за сликарство. Од 2012 до 2023 г. реализирал петнаесет самостојни изложби во: Скопје, Битола, Охрид, Делчево, Струмица, Ботевград (Р. Бугарија) и Нови Сад (Р. Србија). Учествувал на повеќе групни изложби во земјава и странство. Автор е и на два мурали, во Скопје и во Струмица. Учествувал на десетина ликовни колонии во: Охрид, Струга, Струмица, Велес, БиХ, Р. Бугарија, Р. Србија. Добитник е на 7 национални награди. Од 2012 г. член е на ДЛУМ, а од 2022 член е и на
ДЛУБ. сст/са/

фото галерија  „Метаноја“

 

Остани поврзан