• среда, 03 јули 2024

Шест македонисти ќе бидат одликувани со Медал за заслуги за Република Северна Македонија

Шест македонисти ќе бидат одликувани со Медал за заслуги за Република Северна Македонија

Скопје, 30 јануари 2024 (МИА) - Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска на свеченост во Музејот на македонската борба за самостојност ќе одликува шест македонисти со Медал за заслуги за Република Северна Македонија. 

Како што соопшти Кабинетот на Претседателот, ќе бидат одликувани македонистите Златко Крамариќ, Зузана Тополињска, Јоуко Линдстет и постхумно Јежи Русек, Кшиштоф Вроцлавски и Далибор Брозовиќ. хс/са/

Фото: МИА архива 

 

 

 


 

 

Остани поврзан