• петок, 22 ноември 2024

Министрите за надворешни работи на Австрија, Чешка и Словачка во посета на земјава, ќе ги пренесат официјалните ставови на ЕУ за македонското европристапно досие

Министрите за надворешни работи на Австрија, Чешка и Словачка во посета на земјава, ќе ги пренесат официјалните ставови на ЕУ за македонското европристапно досие

Скопје, 13 јули 2023 (МИА) - Тројцата министри во „Славков“ или „Аустерлиц“ формат: министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг, министерот за надворешни работи на Чешка, Јан Липавски и министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Влаховски денеска ќе престојуваат во посета на земјава.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи (МНР), тројцата шефови на дипломатии се ополномоштени од високиот претставник за надворешни работи на Европската унија, Жосеп Борел за да ги пренесат официјалните ставови на ЕУ по однос на прашањата поврзани со нашето европристапно досие.

Од Делегацијата на Европската унија соопштија дека министрите ќе се сретнат со претседателот Стево Пендаровски, министерот за надворешни работи Бујар Османи, претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерите на политичките партии и пратениците во Собранието.

- Северна Македонија е еден од најблиските партнери на Европската Унија на Западен Балкан, во целост усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ. Во контекст на актуелните геополитички предизвици, заедничката посета ќе биде можност да потсетиме дека сите политички актери треба да се ангажираат да ја придвижат земјата напред на нејзиниот пат кон ЕУ што е желба на огромното мнозинство граѓани на Северна Македонија, се вели во соопштението. мч/дма/

Остани поврзан