• петок, 05 декември 2025

Фестивал на австралиски филм во Кинотека

Фестивал на австралиски филм во Кинотека

Скопје, 28 ноември 2025 (МИА) - Краткиот Фестивал на австралиски филм ќе се одржува денеска и утре во Кинотека на Македонија по повод 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Австралија и Македонија.

Организатори се Австралиската амбасада во Белград, која ги покрива и Македонија и Црна Гора, заедно со Кинотека на Македонија.

Публиката вечер, во 20:00 часот, ќе може да го погледне австралискиот филм „Домаќинство за почетници“ (Housekeeping for Beginners)  на истакнатиот македонско-австралиски филмски режисер Горан Столевски. 

В сабота публиката во Кинотека ќе има можност да ужива во комедијата „Дворска пепел“ (Backyard Ashes) во режија на Марк Грентел и да дознае повеќе за тоа колку крикетот им значи на Австралијците. мд/са/

Фото: Постер 

Остани поврзан