• сабота, 21 декември 2024

Тркалезна маса „Спречи, одговори, заштити: Како да се зајакне борбата против семејното насилство во Република Северна Македонија“

Тркалезна маса „Спречи, одговори, заштити: Како да се зајакне борбата против семејното насилство во Република Северна Македонија“

Скопје, 5 декември 2023 (МИА) - По повод 16 дена активизам против родово базирано насилство, Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска организира тркалезна маса на високо ниво на која ќе присуствуваат претставници од институции и граѓански организации кои работат во областа на спречување и заштита од родово базираното насилство.

Како што е најавено од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на тркалезната маса ќе се разговара за начините за зајакнување на повеќесекторскиот одговор кој е потребен за да се засили борбата против родово базираното насилство во Северна Македонија. Во оваа насока, се вели во најавата, од исклучителна важност е институциите и граѓанското општество да работат заедно со пристап насочен кон жртвата.

На тркалезната маса најавени се обраќања на првата дама Елизабета Ѓоргиевска, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадор Килиан Вал, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и амбасадорката на Шведска, Ами Ларсон Јаин. цр/бак/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан