• четврток, 19 март 2026

Средношколци од „Јосип Броз Тито“ од Скопје ќе го посетат Собранието во рамките на едукативниот настан „Имам став!“

Средношколци од „Јосип Броз Тито“ од Скопје ќе го посетат Собранието во рамките на едукативниот настан „Имам став!“

Скопје, 19 март 2026 (МИА) - Средношколци СОУ „Јосип Броз Тито“ од Скопје денеска ќе го посетат Собранието на Република Северна Македонија за едукативната активност „Имам став!“, организирана од Парламентарниот институт.

„Имам став!“ е активност наменета за ученици од средните училишта во државата и претставува симулација на процесот на разгледување предлог-закон во Собранието.

- Целта на „Имам став!“ е приближување на работата на Собранието и на процесот на донесување закони до младата популација, што ќе придонесе за развивање на нивната свест за демократијата и ќе ги поттикне и подготви за општествена и политичка критичност и вклученост - соопшти собраниската прес-служба. фф/бк/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан