• петок, 05 декември 2025

Состанок за ретки болести на ЈИЕ во Охрид

Состанок за ретки болести на ЈИЕ во Охрид

Скопје, 2 oктомври 2025 (МИА) - Десеттиот јубилеен состанок за ретки болести на Југоисточна Европа почнува денеска Охрид и ќе трае до 4 октомври.

На состанокот ќе учествуваат експерти, лекари, научници, пациентски организации и претставници од здравствените институции од Југоисточна Европа и пошироко. Ќе се дискутира за најновите достигнувања во дијагностиката и терапијата, ќе се разменат искуства и ќе се дефинираат стратегии за подобрување на квалитетот на животот на пациентите со ретки болести, информираа од организацискиот одбор.

Годинава, посочуваат, одбележуваме значаен јубилеј - десет години посветеност, соработка и напредок во справувањето со предизвиците на ретките болести во регионот. рп/са/

 

Остани поврзан