• понеделник, 23 декември 2024

Симулациски вежби на АХВ за управување со жаришта на африканска чума кај свињите

Симулациски вежби на АХВ за управување со жаришта на африканска чума кај свињите

Скопје, 30 јануари 2924 (МИА) - Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ќе спроведe две симулациски вежби „Управување со жаришта на африканска чума кај свињите кај домашната и дивата популација свињи”. Првата вежба ќе се одржи денеска и утре во Штип, а втората во четврток и петок  во Битола.

Како што соопшти АХВ, симулациските вежби се организираат со техничка и оперативна поддршка на проектот „Подобрена контрола на болести кај животните и имплементација на системот за безбедност на храната“ финансиран од Европската Унија. 

-Не станува збор за реална ситуација односно активностите кои ќе бидат преземени од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство во деновите кога ќе се одржат симулациските вежби во Штип и во Битола се поврзани исклучиво со вежбата. Целта на вежбата е да се даде одговор при појава на африканска чума кај свињите, која е предмет на Плановите за итни мерки, информира АХВ.

На симулациските вежби ќе присуствуваат претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство, од Ветеринарната комора, Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје, претставници од Инспекторатот за ловство, Инспекторатот за животна средина, претставници од Министерството за животна средина, како и експерти од Европската Унија. хс/са/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан