• вторник, 07 април 2026

Седница на ДКСК, ќе се разгледува извештајот за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси

Седница на ДКСК, ќе се разгледува извештајот за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси

Скопје, 31 март 2026 (МИА) – Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе ја одржи 30-тата седница, на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои и годишниот извештај за работа на ДКСК за 2025.

Антикорупционерите треба да го разгледаат и годишниот извештај за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021 - 2025 за периодот 1.1.2025 до 31.12.2025 година, како и завршниот извештај за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021 - 2025 за целокупниот петгодишен период.

На дневен ред е и посебниот извештај за утврдени состојби во финансирањето на изборната кампања за повторните избори 2026, како и постапување по пријави од укажувачи. аа/са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан