• среда, 03 јули 2024

Промоција на Зборникот од Меѓународната научна конференција „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“

Промоција на Зборникот од Меѓународната научна конференција „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“

Скопје, 27 декември 2023 (МИА) -  Промоција на Зборникот од Меѓународната научна конференција „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ денеска ќе се одржи во библиотеката на Кампус 4 во Универзитет Гоце Делчев - Штип.

Меѓународната научна конференција беше организирана од Филолошкиот факултет при УГД на 25 и 26 мај оваа година.

Зборникот содржи 40 реферати кои беа презентирани на конференцијата од областите литература, јазик и преведување.

На промоцијата ќе присуствуваат учесници на конференцијата, студенти и ќерката на Ацо Шопов, Јасмина Шопова. дма/са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан