• понеделник, 23 декември 2024

Почнува 14. „Анимакс Скопје фест’

Почнува 14. „Анимакс Скопје фест’

Скопје, 21 декември 2023 (МИА) - Во Кинотека на Северна Македонија денеска и утре ќе се одржува 14. „Анимакс Скопје фест’ на кој во официјалната селекција ќе бидат прикажани 30-ина анимирани филмови  избрани од над 1800 пријавени остварувања од светот.

Селектор на годинашното фестивалско издание е Диме Ратајковски, а членови на жирито кои ќе одлучуваат за добитниците на наградите Златна, Сребрена и Бронзена тула се Илиана Петрушевска, Ева Камчевска и Саша Станишиќ. Мото на 14-тото издание на „Анимакс Скопје фест’ е „Траење...“ 

 Директорот на фестивалот Кузман Кузмановски вели дека во речиси една и пол деценија постоење на „Анимакс“  се пријавувале илјадници анимирани филмови од цел свет и најчесто биле наградувани или селектирани во официјална конкуренција анимирани филмови кои истата година добивале Oскар или други престижни награди.

-Антиципацијата за уметничкиот квалитет, универзалност и креативен потенцијал секогаш биле препознаени на „Анимакс“ од стручното жири, додава Кузмановски. 

Проекциите ќе почнуваат во 20 часот.  Влезот е слободен. хс/ев/

Фото: Анимакс Скопје фест

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан