• понеделник, 23 декември 2024

Почнува 14 издание на фестивалот „Тремоло"

Почнува 14 издание на фестивалот „Тремоло

Скопје, 8 ноември 2023 (МИА) - Со настапот на Фламенко трио - Vientos del Erasmа од Шпанија во Националната филхармонија, вечер почнува 14. издание на Меѓународниот фестивал на класична гитара „Тремоло", во организација на Детскиот културен центар „Карпош".

Утревечер, во Музејот на македонската борба за самостојност ќе настапи италијанскиот класичен гитарист Nino D´Amico. Фестивалот е поддржан од Град Скопје, како дел од културната понуда на Скопје – Европска престолнина на културата 2028.

-Фестивалот „Тремоло“ е културен настан кој ги обединува љубителите на класичната гитара, студентите и професорите, не само од Скопје и од Република Северна Македонија, туку и пошироко. Со текот на годините овој единствен фестивал во нашата земја прерасна во престижен културен настан кој сведочи за присуството и појавата на сé поголем број светски познати уметници специјализирани за класична гитара. Со успешна реализација на Фестивалот „Тремоло" ЈУ Детски културен центар „Карпош" дава голем стимул и поддршка за развој и промоција на овој вид уметност кај нас, соопштија од  Детскиот културен центар „Карпош".

Како што информираат, влезот за концертите е слободен, а покрај двете концертни вечери, во текот на овој музички фестивал ќе се одржат и мастер часови и работилници.бт/дма/

Фото/ Детски културен центар „Карпош"

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан