• сабота, 23 ноември 2024

Панел дискусија на тема „Политичко учество на лицата со попреченост“

Панел дискусија на тема „Политичко учество на лицата со попреченост“

Скопје, 3 октомври 2023 (МИА) - Здружението за промоција и развој на инклузивно општество Инклузива, во соработка со општина Тетово, денеска ќе организира панел дискусија на тема „Политичко учество на лицата со попреченост“.

Како што најавува Инклузива, ова ќе биде отворен форум за длабинска дискусија и размислување за важноста од вклучување на лицата со попреченост во политичкиот процес и процесот на донесување одлуки во општеството.

Темите на дискусијата ќе ги опфатат предизвиците и можностите што ги очекуваат овие лица, како и мерките и политиките кои можат да помогнат во подобрувањето на нивното учество во политичкиот живот. мч/лв/

фото: фб на Инклузива

Остани поврзан