Отворање на нов фудбалски терен на ФК „Аеродром“
- Во општина Аеродром денеска ќе биде отворен новиот фудбалски терен на фудбалскиот клуб „Аеродром“. Игралиштето се наоѓа во непосредна близина на училиштето „Александар Македонски“ во Ново Лисиче.
Скопје, 2 ноември 2024 (МИА) - Во општина Аеродром денеска ќе биде отворен новиот фудбалски терен на фудбалскиот клуб „Аеродром“. Игралиштето се наоѓа во непосредна близина на училиштето „Александар Македонски“ во Ново Лисиче.
На официјалното отворање најавено е присуство на министерот за спорт Борко Ристовски и на в.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.
- По две години посветена работа, овој современ терен е подготвен да ги прими сите љубители на фудбалот и спортската рекреација. Настанот ќе биде збогатен со поздравни говори од министерот за спорт, Борко Ристовски, и в.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, кои официјално ќе го отворат игралиштето. За музичка поддршка ќе биде задолжен DJ Мац, а химната на настанот ќе ја изведе нашата позната пејачка Сара Мејс, информираат организаторите.
Покрај новиот фудбалски терен, ќе биде промовирано и новото лого на ФК Аеродром и новата маскота на клубот, наречена Дромко.
Новото игралиште, покрај редовните активности, ќе биде достапно и за изнајмување и организирање натпревари. бак/
Фото: МИА архива