• сабота, 23 ноември 2024

Општина Центар организира буџетски форум за 2025

Општина Центар организира буџетски форум за 2025

Скопје, 21 октомври 2024 (МИА) - Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги повикува сите жители на општината да учествуваат на буџетскиот форум за 2025 година, кој ќе почне вечер во ООУ „Ј.Х. Песталоци“ со почеток во 19 часот.

Како што посочуваат од Општина Центар, овој форум претставува можност граѓаните директно да влијаат врз креирањето на општинскиот буџет, предлагajќи проекти и идеи кои се приоритетни за нив.

На форумот општинските сектори ќе ги презентираат и капиталните проекти кои се планирани за следната година, но и резултатите од проектите реализирани во изминатите три години. Преку овие дискиусии ќе се овозможи на граѓаните да имаат увид во напредокот и да дадат свои предлози за понатамошни подобрувања. Општина Центар останува посветена на процесот на вклучување на граѓаните во донесувањето одлуки, со цел да се обезбедат проекти што директно ќе ги подобрат условите за живот во населбите. ев/са/

ФОТО: МИА Архива 

 

Остани поврзан