• четврток, 26 декември 2024

Денеска ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во Беко и МРТВ

Денеска ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во Беко и МРТВ

Скопје, 27 јануари 2024 (МИА) - Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека денеска ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во „Беко“ и МРТВ во Скопје.

Работното време на шалтерите ќе биде од 8 до 16 часот.

Од МВР вчера информираа дека на територија на Скопје е почната и достава на личните карти и на возачките дозволи на домашна адреса со цел олеснување и забрзување на процесот на промена на личните документи.

-Напоменуваме дека овој пилот проект се спроведува само во Скопје, информираа од МВР. бт/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан