• понеделник, 23 декември 2024

Одбележување на Светскиот ден на вранецот

Одбележување на Светскиот ден на вранецот

Скопје, 5 октомври 2023 (МИА) - Здружението „Вина од Македонија“ со финансиска поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска ќе го одбележи Светскиот ден на вранецот. 

Најавени се обраќања на претседателот на здружението „Вина од Македонија“; Светозар Јаневски, на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и на црногорскиот министер за зeмјоделство Владимир Јоковиќ.

Настанот се одржува петта година по ред, а станува збор за значаен настан кој на едно место ги обединува домашните и регионални производители на вино од сортата вранец, вински есперти и љубители на виното. бак/са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан