Николовски ќе посети сточари и мали производители на храна во Берово
- Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во техничката Влада, Љупчо Николовски денеска ќе биде во работна посета на општина Берово.
Скопје, 8 февруари 2024 (МИА) - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во техничката Влада, Љупчо Николовски денеска ќе биде во работна посета на општина Берово.
Најавено е тој да оствари повеќе средби со сточари од беровско, како и да се сретне со мали производители на храна.
Во рамки на планираните активности, предвидено е Николовски да ја посети компанијата „Малеш - бреза“ ДООЕЛ, успешен ИПАРД корисник. бд/бак/
Фото: Фејсбук - страница на Љупчо Николовски