• понеделник, 23 декември 2024

Надлежните институции ќе информираат за ефектите од Е-инспектор

Надлежните институции ќе информираат за ефектите од Е-инспектор

Скопје, 29 февруари 2024 (МИА) - Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска и претседателката на Инспекцискиот совет, Даниела Рендевска денеска ќе информираат за напредокот и ефектите од воспоставувањето на Информацискиот систем за инспекциски надзор - Е-инспектор.

Најавено е присуство и на директорката на Државниот инспекторат за труд Весна Томовска и на директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Рената Младеновска.
 
Е-инспектор започна да функционира во 2021 година како пилот проект, во кој беа вклучени три инспекторати, но со оглед дека примарната цел е борбата против корупцијата преку дигитализација на процесите, се пристапи кон дополнителен развој на овој систем и на останатите инспекторати, кои се под ингеренции на Инспекцискиот совет. бак/са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан