Меѓународна музичко поетска вечер „Ромската роза никогаш нема да умре во холокаустот“
- Во организација на Здружението на љубители на Ромската фолклорна уметност „Романо ило“, во големиот салон на Галерија „КО-РА“ во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ - Скопје вечер ќе се одржи II Меѓународна музичко поетска вечер 2025 насловена „Ромската роза никогаш нема да умре во холокаустот“ со учество на 35 поети и писатели од повеќе земји, по објавениот конкурс во спомен на Ромите и Синти жртви на нацистичкиот холокауст во време на Втората светска војна.
Скопје, 6 август 2025 (МИА) - Во организација на Здружението на љубители на Ромската фолклорна уметност „Романо ило“, во големиот салон на Галерија „КО-РА“ во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ - Скопје вечер ќе се одржи II Меѓународна музичко поетска вечер 2025 насловена „Ромската роза никогаш нема да умре во холокаустот“ со учество на 35 поети и писатели од повеќе земји, по објавениот конкурс во спомен на Ромите и Синти жртви на нацистичкиот холокауст во време на Втората светска војна.
Оваа манифестација е во рамките на програмата на ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ - Скопје која ја поддржува соработката со разни здруженија и НВО, особено во афирмацијата на малите заедници, а воедно и во контекст на одбележувањето на историските настани и јубилеи кои се и од меѓународно значење. ев/ац/
Фото: Архива