• понеделник, 23 декември 2024

Меѓународен фестивал на монодрама во Битола

Меѓународен фестивал на монодрама во Битола

Битола, 12 мај 2023 (МИА) - Во Битола вечер почнува 24. издание на меѓународниот фестивал на монодрама, чиј домаќин и организатор е националната установа Центар за култура.

На фестивалските сцени публиката ќе погледне монодрами со актери од Црна Гора, Естонија, Косово, Израел, Србија, Монголија, Италија, Шпанија, Хрватска, Литванија и Северна Македонија, најави селекторот на фестивалската програма Петар Мирчевски.

На свеченото отворање што ќе се одржи на сцената „Благој Стефановски-Баге“, во битолскиот театар, ќе настапат актери на НУ Театар Комедија од Скопје со претставата „Жени во Собрание“ работена според Аристофан, во режија на Ќендрим Ријани, а на свеченото затворање, кога ќе бидат доделени и фестивалските награди, ќе настапат актери на велешкиот театар „Јордан Х.К. Џинот“ со претставата „Нема струја за електричниот стол“ на Александар Секулов во режија на Дејан Пројковски.

Меѓународниот фестивал на монодрама во Битола годинава се одржува под мотото „Да се биде“, и е поддржан од Министерството за култура.мт/са/

Фото: МИА

 

 

Остани поврзан