Манифестација „Различностите нè зближуваат“ по повод Денот на човекови права
- Агенцијата за остварување на правата на заедниците по повод 10 Декември - Денот на човекови права организира манифестација со наслов „Различностите нè зближуваат“.
Скопје, 10 декември 2024 (МИА) - Агенцијата за остварување на правата на заедниците по повод 10 Декември - Денот на човекови права организира манифестација со наслов „Различностите нè зближуваат“.
Манифестацијата ќе се одржи вечер во Културно информативен центар – Скопје.
Како што најавуваат од Агенцијата, на манифестацијата ќе учествуваат високи претставници од Владата на Република Северна Македонија и членови на дипломатскиот кор во земјата. дма/ев/
Фото: Агенција за остварување на правата на заедниците