• четврток, 26 март 2026

КСЗД ќе го промовира најновиот извештај за дискриминацијата врз Ромките во областа на работните односи

КСЗД ќе го промовира најновиот извештај за дискриминацијата врз Ромките во областа на работните односи

Скопје, 6 март 2026 (МИА) - Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) денеска ќе го претстави најновиот извештај посветен на дискриминацијата врз Ромките во областа на работните односи.

На промоцијата што ќе се одржи во просториите на КСЗД денеска од 10 часот, ќе бидат презентирани наодите од Истражувањето спроведено од КСЗД, како дел од обврските утврдени во Националниот акциски план за заштита, промоција и исполнување на човековите права на жените и девојчињата Ромки 2022-2024 година.

Извештајот ги презентира предизвиците со кои се соочуваат Ромките при пристапот до пазарот на трудот, формите на дискриминација што ги доживуваат, достапните механизми, како и препораки за подобрување на институционалниот одговор и унапредување на еднаквоста.

-Промоцијата ја организираме во пресрет на 8 март- Меѓународниот ден на жената, со цел да се потсетиме на значењето на еднаквоста, недискриминацијата и заштитата на правата на жените, особено на жените кои се соочуваат со повеќекратна и интерсекциска дискриминација, стои во соопштението од КСЗД.ар/са/

Фото:МИА архива 

Остани поврзан