• среда, 25 март 2026

Корејскиот амбасадор Донгбае во посета на Собранието

Корејскиот амбасадор Донгбае во посета на Собранието

Скопје, 25 март 2026 (МИА) - Амбасадорот на Република Кореја, Ким Донгбае денеска ќе го посети Собранието.

Како што информираат од собраниската служба, Донгбае ќе оствари средба со претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Во Собранието, членовите на Комисијата за локална самоуправа денеска ќе остварат средба со претставници на Националниот демократски институт (НДИ) во Република Северна Македонија. фф/ац/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан