• петок, 22 ноември 2024

Концерти на „Танец“ во Охрид и Прилеп

Концерти на „Танец“ во Охрид и Прилеп

Охрид, 3 јули 2024 (МИА) - На сцената „Долни Сарај“ во Охрид вечерва ќе концерт ќе одржи ансамблот „Танец“, со што свечено ќе биде отворен 63. Балкански фестивал на народни песни и игри. Два дена потоа, на 5 јули, на летната сцена на Заводот и музеј во Прилеп, „Танец“ ќе има целовечерен концерт со изворен вокално-инструментален репертоар, по повод свеченото отворање на јубилејниот 50. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски - Долнени.

- Секако, и овогодинешната културно-сценската манифестација „Галичка свадба“ нема да да помине без Танец, каде ансамблот на 13 и 14 јули ексклузивно ќе ги изведе ората „Тешкото“, „Невестинско“ и „Манукот“, а на 2 август, како и досега, Танец и оваа полусезона ќе ја заврши со традиционалните концертни настапи во Крушево и Пелинце, по повод големиот македонски празник Илинден, најавуваат од „Танец“.

На 25 јули  традиционално „Танец“ ќе има голем концерт спроти Меѓународниот фолклорен фестивал „Илинденски денови“ каде ќе настапи целиот ансамбл со богата кореографска и вокално-инструментална програма. 

- Јубилејната концертна сезона на Танец продолжува веќе во септември, со балканската турнеја на проектот „Фолклорно-класична симбиоза„ (грандиозниот заеднички концерт на Танец со оркестарот и хорот на Националната опера и балет), после која ќе следува ноемврискиот гала концерт по повод централно одбележување на 75-годишнината на НУ Танец и секако, традиционалниот новогодишен концерт кон крајот на декември. Во меѓувреме Танец нема да ги запостави и настапите низ татковината и ќе одржи уште неколку концерти во Велес, Струмица и Свети Николе, соопштија од ансамблот. бт/бак/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан