• понеделник, 23 декември 2024

Концерт на македонски музичари во КИЦ на Северна Македонија во Софија

Концерт на македонски музичари во КИЦ на Северна Македонија во Софија

Скопје, 9 ноември 2024 (МИА) - Во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија вечер од 18:30 часот концерт ќе одржи квартет составен од музичари кои членуваат во оркестрите на Филхармонијата и Националната опера и балет: Марко Виденовиќ (виола, пијано), Марија Јакимовска (флејта), Кристијан Кожумановски (контрабас) и Игор Бакревски (кларинет).

Организаторот на настанот најавува атрактивна програма, специфичност на составот и инструментите и професионалност на уметниците кои, како што наведува „беспрекорно се претставуваат низ државата и пошироко“.

-Целта на овој проект е да се претстави овој камерен состав, преку изведба на 10 композиции кои сочинуваат една приказна во времетраење од 60 минути. Камерниот состав изведува композиции од авторот на проектот, Марко Виденовиќ, кој преку своите композиции раскажува градски приказни, прифатливи за секаков вид публика, соопшти македонскиот КИЦ во Софија. хс/са/

Фото: КИЦ на Република Северна Македонија во Софија 

 

Остани поврзан