• недела, 22 декември 2024

Конференција „Униформа, оклоп кој значи ранливост - нашата секојдневна борба на два фронта“

Конференција „Униформа, оклоп кој значи ранливост - нашата секојдневна борба на два фронта“
Скопје, 6 март 2023 (МИА) - Министерството за труд и социјална политика  во рамките на караванот за родова еднаквост посветувајќи го месец март на менталното здравје и благосостојбата на жените  како предуслов за  родова еднаквост денеска организира конференција на тема „Униформа, оклоп кој значи ранливост - нашата секојдневна борба на два фронта“. 
 
Поздравни обраќања на конференцијата ќе имаат министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и деканот на Факултетот за безбедност Никола Дујовски.
 
На темата „Надминати бариери, искуства и предизвици за жените во униформа“ ќе говорат 
државната секретарка во МВР, Магдалена Несторовска, аѓутантката на Претседателот на Република Северна Македонија, Билјана Блажевска и професорката на Факултет за безбедност, Стојанка Мирчева.
 
Конференцијата е дел од кампањата „Гласна и храбра“ на Министерството за труд и социјална политика за економско зајакнување  и благосостојба на жените. дма/са/
 
Фото:МТСП

Остани поврзан