• петок, 28 јуни 2024

Конференција на Центарот за климатски промени

Конференција на Центарот за климатски промени

Скопје, 20 јуни 2024 (МИА) – Центарот за климатски промени (ЦКП) организира конференција на тема „Мерки за енергетска ефикасност како одговор на енергетската криза и зголемена конкурентност“. 

Конференцијата ќе се одржи денеска во хотел „Холидеј ин“ - Скопје со почеток од 10:00 часот.

Како што стои во соопштението, целта на конференцијата е да ги поврзе креаторите на политики, националните и локалните власти, финансиските институции, деловни здруженија, компаниите, како и други клучни чинители да дискутираат за креирање и спроведување на поефективни политики за енергетска ефикасност за компаниите во Македонија.

– Средбата ќе овозможи размена на информации со креаторите на политиките за најновите случувања поврзани со мерките за енергетска ефикасност и ќе придонесе да се подобри разбирањето на финансиските можности за спроведување на енергетски ефикасни мерки во производствените процеси на компаниите, велат од ЦКП. ра/са/

Фото: ЦКП

 

Остани поврзан