„Конзуларните претставништва на Црна Гора 1880 - 1914“ - изложба на Државниот архив на Црна Гора
- Во Музејот на македонската борба за самостојност денеска напладне ќе биде отворена изложбата „Конзуларните претставништва на Црна Гора 1880 - 1914“ која е подготвена од Државниот архив на Црна Гора.
Скопје, 11 ноември 2025 (МИА) - Во Музејот на македонската борба за самостојност денеска напладне ќе биде отворена изложбата „Конзуларните претставништва на Црна Гора 1880 - 1914“ која е подготвена од Државниот архив на Црна Гора.
Како што соопшти нашиот Државен архив, изложбата содржи над 200 документи и фотографии кои ја прикажуваат работата на конзуларните претставништва на Црна Гора во Италија, Франција, Велика Британија, САД, Канада, Бразил и во други држави во светот. Автори на изложбата се м-р Вукота Вукотиќ и Јелена Николиќ, архивисти од Државниот архив на Црна Гора.
-Настанот ќе се реализира со поддршка на НУ Музеј на македонската борба за самостојност. Изложбата ќе биде поставена седум дена и ќе биде достапна за сите заинтересирани. Говорници на настанот ќе бидат проф.д-р Наташа Котлар-Трајкова, директор на Државниот архив, Зоран Миљаниќ, амбасадор на Република Црна Гора во Скопје, Данило Мрвалевиќ, директор на Државниот архив на Црна Гора и м-р Вукота Вукотиќ, еден од авторите на изложбата, информира Државниот архив на Северна Македонија. хс/са/
Фото: Државен архив на РСМ