Интерактивна работилница за гатанаки во Градската библиотека во Скопје
- Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје денеска ќе се одржи мултимедијалниот интерактивен перформанс „Црвен конец, црн конец - катранка“ посветен на гатанката и афирмацијата на народното творештво.
Скопје, 16 јуни 2023 (МИА) - Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје денеска ќе се одржи мултимедијалниот интерактивен перформанс „Црвен конец, црн конец - катранка“ посветен на гатанката и афирмацијата на народното творештво.
Како што информираат организаторите, поради временските услови работилницата ќе се одржи во спомен-собата „Т’га за југ“ со почеток во 19 часот.
- Авторите кои го создаваат овој перформанс тргнуваат од првобитна намена на гатанката и нејзината педагошката функција, за да стигнат до нејзиниот забавен карактер. За нив гатанката е форма која ја поттикнува и ја става на тест човечката креативност, покажувајќи ја својата улога во фолклорот. Интеракцијата се добива кога водителите поставуваат гатанка, а одговорот го дава публиката. Тоа е основата за вториот дел од настанот: одговорот на гатанката е проследен со читање поетска творба чија тема е токму решението на гатанката, стои во соопштението од библиотеката, од каде што велат дека перформансот ќе заврши со преслушување на македонска чалгиска музика.
Во „Црвен конец, црн конец - катранка“ учествуваат Софија Тодороска, Пепи Стамков, Светла Јакшиќ и Емануела Ковачевска Китановска.ар/са/