• петок, 22 ноември 2024

Изложба на уметничка фотографија во Битола посветена на Мирко Попов

Изложба на уметничка фотографија во Битола посветена на Мирко Попов

Скопје, 30 април 2024 (МИА) - Во организација на Младински културен центар – Битола (МКЦ-Битола) денеска ќе биде отворена изложбата на уметничка фотографија „Импровизации“ на Глигор Кондовски.

Изложбата ќе биде поставена во кафе барот Порта Џез во Битола, а е посветена на мултимедијалниот македонски уметник, продуцент и автор Мирко Попов (1972 - 2024).

Фотографиите се сценски фотографии во вид на комбинирано спојување меѓу визуелна и аудитивна (музичка) импровизација специфична за џез музиката. Фотографиите се направени од фестивалите: ПМГ Рекордингс и Крај Вардарот Џез.

Проектот на МКЦ-Битола, Урбана Агенда - поддршка на независната културна сцена е финансиран од Швајцарската Амбасада во Скопје. мч/аа/

фото: МКЦ - Битола

Остани поврзан