Изложба на ДЛУМ - „Мал формат - Миниартура“
- Во Културно-информативниот центар во Скопје вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Мал формат - Миниартура“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија-ДЛУМ.
Скопје, 31 октомври 2025 (МИА) - Во Културно-информативниот центар во Скопје вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Мал формат - Миниартура“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија-ДЛУМ.
Ќе бидат претставени дела од членовите на уметничката асоцијација во дводимензионален и тридимензионален формат – цртежи, слики, колажи, скулптури, објекти, графики и дела во други техники.
-Малиот формат и минијатурата се чести модели на запишување на фази од процесот на реализација на ликовните дела и со тоа се дел од тековната продукција на ликовните уметници. Во тој процес и продукцијата на финални ликовни дела во помал формат е од особено значење бидејќи дава посебно место на јасната идеја, прецизноста во реализацијата на делата и актуелност на понудениот концепт, соопшти ДЛУМ.
Проектот „Мал формат - Миниартура“ е поддржан од Министерството за култура и туризам. хс/бак/
Фото: Друштво на ликовни уметници на Македонија