• петок, 05 декември 2025

Денови на хрватски филм во Кинотека

Денови на хрватски филм во Кинотека

Скопје, 15 септември 2025 (МИА) - Од денеска до 20 септември во Кинотека ќе се одржува манифестацијата Денови на хрватски филм. Публиката ќе има можност да се запознае со избор од најзначајните и најуспешните дела на хрватско кино. Церемонијата на отворањето ќе почне со филмот „Ustav Republike Hrvatske“ (2016) во режија на Рајко Грлиќ.

Манифестацијата се одржува во соработка со Кинотеката на Република Северна Македонија, Хрватскиот аудиовизуелен центар и Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска.

Во текот на неделата ќе бидат прикажани долгометражни филмови, кратки играни филмови, документарни филмови и класици на хрватското кино, а програмата ќе заврши со најновата крими драма „Svemu dođe kraj“ (2024).

Сите филмови ќе се прикажуваат на оригинален јазик со титлови на македонски и на англиски јазик.

Проекциите почнуваат во 20 часот. мд/

Фото: Кинотека 

 

Остани поврзан